ИСТОРИЈАТ
Ф.К. Куманово Еуроспорт - Куманово е формиран 1 март 2004 година. Еден од најдобри клубови за млади фудбалери. Управата на Еуроспорт беше дел и од поранешните клубови Илинден и Соколана. Поради тешки услови за работа и недостиг од финанси, клубовите во нашиот град ретко достигнуваат зрелост. Куманово Еуроспорт низ тешки услови опстојува сиве овие години и успешно пласира млади и надежни фудбалери. Клубот не располага со свој терен, и затоа најчесто користи терени на други екипи. Од својот почеток Куманово Еуроспорт бележи добри резултати во првенствата каде што се натпреварува, со категорија петлиња во детска лига во Скопје, а со пионери и помлади пионери во регионална Лига ИСТОК. Куманово Еуроспорт има една освoена титула 1 место во Јуниор куп 2007 година, и две години подоцна 3 место во А1 лига ( под името Глечер )
Претседател на клубот е Александар Маневски , Шеф на стручен штаб е Борче Стојчевски. Еуроспорт е организатор и лидер на Отворени Забавни Фудбалски Школи во Куманово( 2004-до ден денес ). Има учествувано na меѓународни турнири во Франција, Албанија, Србија...
Претседател на клуб: Александар Маневски
Шеф на стручен штаб: Борче Стојчевски
Тренер: Атанас Неделковски, Кристијан Томславски, Ивица Јовановски.

Борче Стојчевски роден 10.11.1966 година. Играчка кариера ја минал во Куманово и Башкими, а својата тренерска ја започнува 1998 година. Како тренер работел во ФК КСК, Илинден, Речица, Хедис. Располага со Уефа Б и А лиценци.
Борче Стојчевски е Шеф на стручен штаб во Еуроспорт.
Атанас Неделковски роден 15.11.1981. Играчка кариера: Цементарница, Куманово, Маџари Солидарност, Јуниор-Куманово. Како тренер започнува со професија 2006 година во Куманово Еуроспорт, Има уефа Ц и Б лиценци.
Make a Free Website with Yola.